Македонија

По освоените медали, младите спортски херои од Кик Бокс Маи Таи Федерацијата на прием во владата

По освоените медали, младите спортски херои од Кик Бокс Маи Таи Федерацијата на прием во владата

Млади спортски херои од македонската Кик Бокс Маи Таи Федерација денеска беа на прием во владата каде остварија средба со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт, Борко Ристовски.

Тие освоија 2 златни и 1 сребрен медал на Светското јуниорско ВАКО првенство што се одржа во Унгарија од 24 до 31 август 2024 година.

-Нивната посветеност, напор и борбен дух се инспирација за сите нас и покажуваат дека соништата можат да се остварат со многу труд и желба. Сите заедно сме горди на вас и ви посакуваме уште многу победи и успеси на светската сцена, објави Мицкоски.

Македонија е со вас, момци и девојки!

Најнови вести од Македонија

To top