Со почеток од 12:00 часот денеска во Свечена сала на Владата ќе се одржи Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Унапредување на дипломатијата и надворешната трговија, интеграцијата во ЕУ и дигитална трансформација“, информираат од Владата на Република Македонија.
Учество ќе земат следните говорници:
Тимчо Муцунски, Министер за надворешни работи и надворешна трговија,
Орхан Муртезани, Министер за европски прашања,
Стефан Андоновски, Министер за дигитална трансформација, стои во соопштението на Владата.