Македонија

Писмо со сочувство од архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан за упокојувањето на бугарскиот патријарх Неофит

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати писмо со сочувство за упокојувањето на бугарскиот патријарх Неофит, до Светиот архијерејски синод на Бугарската православна црква.

Писмо со сочувство од архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан за упокојувањето на бугарскиот патријарх Неофит

– Живееме ли, умираме ли – Господови сме! Ваши Високопреосвештенства, Ваши Преосвештенства, со голема тага ја примивме веста за упокојувањето во Господа на Неговата Светост, Патријархот Неофит. Блаженоупокоениот Патријарх Неофит, имајќи ја грижата за Црквата, се покажа како добар пастир и неуморен духовник, кој целиот свој живот го посвети во служба на бугарскиот верен народ. Следствено, молејќи се, се надеваме блаженоупокоениот наш брат да најде дерзновение пред Бога, та непрестајно да се моли и застапува за благочестивиот народ во Бугарија, за надградба на Црквата и за зачувување на единството во Православието. Од Наше, и од името на членовите на Светиот архијерејски синод, свештенството, монаштвото и верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, изразуваме сочувство за загубата со упокојувањето на Првојерархот на сестринската Бугарска Православна Црква. Се молиме Бог да го прости и неговата душа да ја насели меѓу праведниците!, се наведува во писмото со сочувство од архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

To top