Македонија ВМРО-ДПМНЕ

„Пишувањето писма со жалопојќи до меѓународните претставници нема да ги направи функционерите од ДУИ Европејци“

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека сега за сторен криминал се одговара пред надлежни институции.

„Пишувањето писма со жалопојќи до меѓународните претставници нема да ги направи функционерите од ДУИ Европејци“

ДУИ наместо да почнат да делуваат како реална опозиција, тие се занимаваат со пишување писма. Во ДУИ треба да сфатат дека пишувањето писма со жалопојќи до меѓународните претставници нема да ги направи Европјеци, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Кога станува збор за ДУИ едно е јасно тие се креатори на криминалот во Македонија, а СДС се кумови. ДУИ да престане да ги злоупотребува Албанците во Македонија за да се спаси од криминалните активности. Од криминал никој нема да се спаси. Помина времето на практикување криминал како што беше во времето на СДС и ДУИ, посочуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека сега за сторен криминал се одговара пред надлежни институции.

Најнови вести од Македонија

To top