За еден месец трошоците за храна и пијалоци намалени за 5%, мерките на владата се ефективни, истакна на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Владината мерка за намалување на цените резултираше со намалување од 5% на трошоцитр за храна и пијалоци од синдикалната кошничка, односно 1000 денари.
Синдикалната кошничка во делот на храна и пијалоци опфаќа 43 производи, а владата ги намали цените на 73, што значи дрка реалното намалување се движи и до 1500 денари, т.е. над 5%.
На годишно ниво тоа се и до 18.000 денари заштедени во буџетот на едно домаќинство.
Владата останува посветена на зачувување на животниот стандард на граѓаните.
Покрај намалување на цените, растат пензиите и платите.
СДС додека беа на власт животниот стандард паѓаше. Неспособноста заврши со нив, рече Петрушевски.