Македонија

Петрушевски: СДС призна дека преку АНБ и АР го прислушувале и следеле Мицкоски, попусти се обидите на Виктор Димовски да се извлече

Петрушевски: СДС призна дека преку АНБ и АР го прислушувале и следеле Мицкоски, попусти се обидите на Виктор Димовски да се извлече

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски на денешната прес-конференција изјави дека СДС признале дека преку АНБ и АР го прислушувале и следеле претседателот на партијата Христијан Мицкоски, попусти се обидите на Виктор Димовски да се извлече.

-СДС призна дека 5 години го следеле претседателот Мицкоски. Тоа значи дека не само тој, туку и неговото семејство биле предмет на следење на тајните служби.

Овие служби, наместо да го штитат интегритетот на државата и граѓаните, тие биле маша за политичка борба и притисок на СДС. Главен извршител бил Виктор Димовски и свесен за последиците од признанието на СДС во паника негира и бега од последиците на своето делување, вели Петрушевски.

Тој додаде дека Виктор Димовски многу добро знае што правел, и какви кривично правни последици има тоа.

-Виктор Димовски да признае што правел и по чија наредба од врвот на политиката. Следењето и прислушкувањето не би било можно без директна дозвола од Зоран Заев, затоа што во целиот систем бил вклучен и Љупчо Коцевски од ЈО, кој подоцна е избран за Републички ЈО и Врховниот суд. Овој скандал на злоупотреба на службите не смее да остане не санкциониран. Одговорност мора да има, за никогаш да не се повтори, нагласува Петрушевски.

Најнови вести од Македонија

To top