Македонија

Петрушевски: СДС ги партизираше службите, АНБ ја водеше партиски функционер

Петрушевски: СДС ги партизираше службите, АНБ ја водеше партиски функционер

Виктор Димовски беше член на ИО на СДС, долги години беше во голем број партиски комисии и совети. Тој на чело на АНБ дојде како чисто партиско решение, потенцира Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС наместо да ја професионализира службата, ја партизираше, дополнително на тоа шиканираа професионалци и избркаа од АНБ се што не е во нивната матрица.

СДС спроведе хајка во службите, и наместо институции за почит, добивме институции на кои им се случија низа пропусти како издавање пасоши на над 20 нарко босови од регионот и светот, кое траело со години, без никој да го примети или спречи.

Видовме кои се последиците од лошото владеење на СДС со државата и управувањето со службите.

Заврши времето на партизација на службите. Следува ново време на промени и професионализација, додава Петрушевски.

Најнови вести од Македонија

To top