Македонија „Само вистина“ на Канал 5

Петрушевски: Проектот „Безбеден град“ дава резултати уште во тест фаза со намален број на сообраќајни несреќи и човечки жртви

Во емисијата пратеникот Петрушевски истакна дека уште во тест фазата проектот Безбеден град дава резултати од аспект на безбедноста на граѓаните во сообраќајот, потенцирајќи дека ќе биде имплементиран на територијата на цела држава.

Петрушевски: Проектот „Безбеден град“ дава резултати уште во тест фаза со намален број на сообраќајни несреќи и човечки жртви

Во вечерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој дебатираше на многу актуелни теми меѓу кои и за проектот Безбеден Град и изгласувањето на Законот за прекршоци кој отвора пат за санкционирање на прекршоците, а со тоа и намалување на бројката на сообраќајни незгоди и човечки жртви, се со цел поголема безбедност на граѓаните.

„Овој потег на ДУИ не е од аспект на овие аномалии на системот или на законот кои што ќе ги образложам дека се спротивно на тоа кое што го зборат, туку е некаков обид за уцена на владејачкото мнозинство користејќи го овој закон. Записниците ќе стигаат на јазикот на кој е заведен граѓанинот во личната карта, тоа е имплементирано во системот, во делот на важењето или неважењето на целата територија, најпрвин Законот за прекршоци важи апсолутно на цела територија на Македонија. Законот важи за сите, дали ќе биде санкциониран прекршок преку камера на Сејф сити или мобилен полицаец апсолутно ќе биде казнет. Во делот на приватноста имаме закони за лични податоци кои ја уредуваат оваа материја, не е ова прва камера што ја поставуваме на територија на Македонија за сега одеднаш, да се појавуваат сомнежи“, рече Петрушевски.

Во емисијата пратеникот Петрушевски истакна дека уште во тест фазата проектот Безбеден град дава резултати од аспект на безбедноста на граѓаните во сообраќајот, потенцирајќи дека ќе биде имплементиран на територијата на цела држава.

„Овој проект дава резултати уште во тест фаза, тоа го потврдуваат бројките и она кое што треба да го знаат сите е дека не завршува тука и дека ќе биде имплементиран низ целата територија на Република Македонија. Во периодот од кога функционира без казнување Сејф Сити, во тест период имаме само 2 смртни случаи, за 37% имаме помалку повредени како последица на сообраќајни несреќи или преку 20% помалку незгоди. За мене овие бројки се доволен доказ дека овој проект дава резултати од аспект на безбедноста на граѓаните во сообраќајот. Во Законот за прекршоци никаде не стои дека ќе се казнува само во Тетово, Куманово и Скопје, ќе се казнува на територија на цела Македонија, вели Петрушевски.

Најнови вести од Македонија

To top