Македонија

Петрушевски: Притисокот на власта зошто не се избира член на ДИК, е што сака повторно тоа место да го заземе Алијанса за Албанците иако е владејачка партија

Петрушевски: Притисокот на власта зошто не се избира член на ДИК, е што сака повторно тоа место да го заземе Алијанса за Албанците иако е владејачка партија

„Пратеничката од СДС не спомна дека тоа место празно во ДИК припаѓа на опозицијата, ние ги имаме нашите два, третиот доаѓа од албанската опозиција. Она што е спорно е што овој проблем не е од вчера. Овој проблем настана со влегувањето на Алијанса за Албанците во Владата на СДС кога Кренар Лога кој што беше член на ДИК стана министер за правда и така се испразни тоа место“, истакна пратеникот Бране Петрушевски при гостување во „Топ тема“ на Телма телевизија.

Петрушевски додаде дека притисокот на власта зошто не се избира член на ДИК, е што сакаат повторно тоа место да го заземе Алијанса за Албанците иако е владејачка партија.

„Власта сакаат да ја ускратат албанската опозиција за законските привилегии и обврски кои што произлегуваат кога имаат член на ДИК, а тоа подразбира состав на избирачки одбори, итн.“, рече Петрушевски.

Тој посочи дека ова што го прави СДС е удоволување на ДУИ за да изберат член на Алијанса за Албанците да биде на местото во ДИК.

„Власта не работи по законот, не го почитува законот и сака да му удоволи на ДУИ со тоа што наместо албанската опозиција да добие место во ДИК како што и следува по закон. СДС како алатка на ДУИ овозможува Алијанса за Албанците незаконски да го добие местото во ДИК“, појасни пратеникот.

Најнови вести од Македонија

To top