Кога дури ни сопствените пратеници не му се појавуваат на седница што ја води Венко Филипче, прашањето веќе не е дали во СДСМ има внатрешен конфликт, туку колку е длабок, се вели во Фејсбук статусот на пратеникот Бране Петрушевски.
Денес, на Националниот совет за евроинтеграции, каде се презентираа приоритетите на Кипарското претседателство со Советот на ЕУ, од СДСМ немаше ниту еден присутен пратеник. Дали со бојкотот на Филипче пратениците на СДСМ испраќаат порака до јавноста и европските партнери? Очигледно, последниот Конгрес на СДСМ предизвика поголеми поделби, наместо обединување, како што вели Филипче, истакна Петрушевски.