Македонија носители на поразот на СДСM

Петрушевски: Навидум новите лица во СДС се далеку од креирање нови политики кои ја рефлектираат пораката која им ја упатија граѓаните на последните избори

Убаво е што имаат нови лица, меѓутоа далеку е тоа од креирање на некоја нова политика. Сведоци сме изминатиов период дека се потврдуваат само тие наши тези и критики затоа што не слушнавме никаква ниту промена во правецот на политиките, не слушнавме и не видовме анализа на она коешто граѓаните им го упатија како порака на последните парламентарни избори, вели Бране Петрушевски пратеникот од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ зборувајќи за новите имиња кои би требало да ја претставуваат реформираната СДС.

Тој утрово во рамки на „Стадион дебата“ која оди во етерот на Канал 77 посочи дека СДС на последните парламентарни избори доживеа сериозен дебакл од историски аспект, а истовремено и дека тоа е најлошиот резултат кој го има некогаш доживеано која било политичка партија.

-Тоа мораше да има рефлексија врз нивните политики. Ние не гледаме таква рефлексија, напротив ги гледаме истите политики, ги гледаме во целина истите луѓе. Земете ја пратеничката група, апсолутно сите коишто биле министри или функционери, високи директори во институции сега се членови на пратеничката група и им ги креираат политики. Координатор на пратеничката група им е Оливер Спасовски којшто е синоним за владеењето на СДС претходните години. Подолговечен министер за внатрешни работи од Александар Ранковиќ во време на Југославија, за каква промена овде зборуваме?, прашува Петрушевски.

Според Петрушевски тие што се носители на поразот на СДС, не можат никако истовремено да бидат и носители на промените односно опоравувањето на партијата.

Најнови вести од Македонија

To top