Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Клиниките во време на СДС и ДУИ набавувале лекови вредни милиони без тендер

СДС и ДУИ во здравството направија целосен хаос. Неспособноста заврши со нив. И одговорност мора да има, изјави Петрушевски.

Петрушевски: Клиниките во време на СДС и ДУИ набавувале лекови вредни милиони без тендер

Набавка на лекови од 8.6 милиони денари без тендер извршила Клиниката за детски болести, во 2022 година, констатира Извештајот на Државниот завод за ревизија. Клиниката за детски болести во време на СДС и ДУИ набавила лекови од 8.6 милиони денари на реверс, кои потоа ги вратила на истата фирма откако го добила тендерот, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Клиниката за детски болести во време на СДС и ДУИ целосно неодговорно се однесувала и кон лековите кои ги добивале како донација, па така за две донации не е запишана сумата на која истите се проценуваат.

Имено според податоците во Извештајот примени се лекови за ретки болести во вредност од 200 милиони денари, а неискористени останале лекови вредни над 50 милиони.

Како што напоменува Извештајот бројките можеби се и поголеми, затоа што во два договори за донација не е наведена вредноста.

Нејасно е како СДС и ДУИ управувале со здравствените установи. Ниту парите на граѓаните се штеделе, ниту донациите се управувале домаќински.

СДС и ДУИ во здравството направија целосен хаос. Неспособноста заврши со нив. И одговорност мора да има, изјави Петрушевски.

Најнови вести од Македонија

To top