Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: ДЗР утврдила нерегуларности при исплати од власта на СДС и ДУИ, средствата кои се вратени кон ЕУ за ИПА, не успеале да ги наплатат од правните лица

Државата мора да има заштитен механизам. Со СДС и ДУИ штетите по државата во изминатите години се огромни. Неспособноста завршува со нив, потенцираше во изјавата Петрушевски.

Петрушевски: ДЗР утврдила нерегуларности при исплати од власта на СДС и ДУИ, средствата кои се вратени кон ЕУ за ИПА, не успеале да ги наплатат од правните лица

Според Извештајот на ДЗР за 2023 година, а кој се однесува за управување на јавните финансии и исплатите кои ги вршеле од Министерството за финансии управувано од СДС и ДУИ се утврдени нерегуларности, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

-Средствата кои Република Македонија ги вратила кон ЕК, поради злоупотреба со ИПА средства, а како последица на контрола од ОЛАФ, власта на СДС и ДУИ не успеала да ги наплати од правното лице кај кое е утврдена злоупотребата. Имено во Изваштајот се наведува дека се вратени над 600 илјади евра, тоа се пари кои се исплатени од буџетот на државата кон ЕК, затоа што државата има обврска да ги врати парите за кое ќе се утврди злоупотреба, а истата потоа тие средства ќе ги побарува од правното лице кое ја направило злоупотребата, потенцира во изјавата.

Тој додаде дека Владата на СДС и ДУИ не успеала да ги наплати парите кои ги исплатила за злоупотребата кон ЕК. Неспособноста на СДС и ДУИ ја чини државата народни пари, кои наместо за нови училишта, градинки или болници одат за покривање на криминалното работење.

-Важно е да се напомене дека ДЗР констатира дека договорите кои се прават за техничка помош мора да бидат со извршна клаузула со сила на нотарски акт, со цел забрзан поврат на средствата во буџетот. Државата мора да има заштитен механизам. Со СДС и ДУИ штетите по државата во изминатите години се огромни. Неспособноста завршува со нив, потенцираше во изјавата Петрушевски.

Најнови вести од Македонија

To top