Македонија сдсм

Петровска: Зголемување на платите на војниците, модернизација и нова опрема

Горди сме што го оствариме деценискиот сон, ја постигнавме стратешката цел – членство во НАТО. Покажавме дека имаме храброст да носиме државнички одлуки и да ја обезбедиме иднината на нашата држава, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска, носителка на изборната единица шест, на претставување на програмата на СДСМ.

– Продолжуваме да инвестираме и во опрема и вооружување и во највредното-човечкиот капитал. Континуирано зголемување на платите на припадниците на Армијата и вработените во министерството, најмалку еднаш во годината“, рече Петровска

Таа потенцираше дека со СДСМ и новата Влада градиме Армија на среќни луѓе и задоволни граѓани, солидарна Армија, а во програмате е изградба на станови за сите самохрани родители вработени во одбраната и Армијата, како и за членовите на семејствата на загинатите и починати припадници на безбедносните сили и вработени во одбраната кои немаат решено станбено прашање.

– Со цел да им овозможиме подобар баланс помеѓу семејниот и професионалниот живот, за вработените во одбраната ќе обезбедиме грижа за нивните најмили преку организирање и екипирање на детски катчиња во касарните и другите објекти.

Целосна реконструкција на военитете кампови во Свети Наум во Охрид и Стар Дојран каде секој вработен ќе добие право на бесплатно сместување за семеен одмор, рече Петровска.

Конечно, Домот на Армијата ќе биде целосно реновиран и ќе добие лик на модерен и современ конгресен центар.

Во следниот мандат ќе го промениме ликот на пожарникарските служби. Ќе почнеме со платите. Во рок од 3 месеци по формирањето на новата Влада ќе го донесеме новиот Закон за пожарникарство според кој сите пожарникари ќе имаат иста почетна плата од најмалку две просечни плати.

Не дојдовме до тука за да се откажеме. Нема откажување од иднината затоа што за нас, рече Петровска.

Најнови вести од Македонија

To top