Македонија пораката е пратена

Петровска до Лавров: Не гледам зошто би дошол во Скопје

Ако се имаат предвид однесувањето на Русија и нејзината надворешна политика, не гледам причина зошто Сергеј Лавров би учествувал на состанокот на ОБСЕ. Вака министерката Славјанка Петровска одговори на прашањето за можно учество на министерот за надворешни работи на Русија на состанокот во Скопје.

Петровска до Лавров: Не гледам зошто би дошол во Скопје

Ако се имаат предвид однесувањето на Русија и нејзината надворешна политика, не гледам причина зошто Сергеј Лавров би учествувал на состанокот на ОБСЕ. Вака министерката Славјанка Петровска одговори на прашањето за можно учество на министерот за надворешни работи на Русија на состанокот во Скопје.

– Нема потврда за доаѓањето на Лавров. Меѓутоа, со оглед на однесувањето на руската надворешна политика, нивното мешање во внатрешните работи на државите, пред сè нивниот однос кон Украина, не гледам зошто би доаѓал тој овде – рече министерката Петровска во интервју на националната телевизија.

Порача дека изминатиов период Северна Македонија, како претседавач на ОБСЕ, навистина дала сè, вложила максимум напори успешно да се заврши претседавањето и ОБСЕ да ја исполни својата мисија.

– Не зависи секогаш сè од нас. И останатите земји членки… во случајов и Русија, како членка на ОБСЕ, треба да покаже дека навистина знае да ги негува и да ги вреднува вредностите на ОБСЕ – рече Петровска.

Информираше дека е реализирана обука на украински војници во Северна Македонија, со што, како што рече, се потврдува нашата заложба за континуирана поддршка на правото на Украина да се одбрани од руската агресија.

– Се понудивме и веќе ја реализиравме првата обука, првиот тренинг на украински војници, кои успешно ја завршија обуката во Република Северна Македонија, во објекти, на локации што се сопственост на Армијата на Република Северна Македонија. За тоа беше донесена соодветна одлука на Владата на Република Северна Македонија, за што, од безбедносни причини, соопштуваме откако заврши таа – рече министерката.

Петровска додаде дека ваквиот вид поддршка, и преку тренинзи и преку обука кои се димензионирани согласно со побарувањата на украинската страна, ќе продолжи и во текот на 2024 година и сè додека има потреба за тоа.

Македонија се вбројува во првите пет држави од членките на Алијансата што ѝ дале најмногу помош на украинската војска во отпорот и во борбата, кои ги има таа секојдневно, повеќе од една година, рече министерката и порача дека нема да отстапиме од таквата заложба.

– Остануваме отворени, доколку има потреба од донација на оружје или од каков било вид вооружување кое го поседуваме, а кое, согласно со прописите во нашата Армија, не е неопходно и може да биде дадено. Нема двоумење дека ќе донесеме таква одлука – рече министерката.

Досега, во десет наврати беше донирана воена и хуманитарна опрема за одбрана на Украина од руската агресија.

Најнови вести од Македонија

To top