Македонија избори 2024

Петрова: Дописот на Битиќи до одредени компании со кој бара поддршка, претставува класичен изборен поткуп и влијание врз слободната воља на гласачите!

Дописот на Битиќи до одредени компании со кој бара поддршка, претставува класичен изборен поткуп и влијание врз слободната воља на гласачите!, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук домолнителниот заменик министер за финансии Елена Петрова.

Петрова: Дописот на Битиќи до одредени компании со кој бара поддршка, претставува класичен изборен поткуп и влијание врз слободната воља на гласачите!

УШТЕ ЕДНА ПОТВРДА ЗА НАРУШЕНАТА ДОВЕРБА ВО КОРИСТЕЊЕТО НА БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА

Фатмир Битиќи, лице кое сеуште е на јавна функција – вицепремиер за економски прашања, упатил допис до одредени компании, со кој бара поддршка и глас за себе како кандидат за пратеник и за неговата политичка партија СДСМ, а се повикува на доделената финансиска помош (‼️ доделена од средства од Буџетот, од народните пари!) и ветува продолжување на финансиската помош во зголемен износ.

Со ова, компаниите кои примиле финансиска помош се ставени во позиција дека треба “за возврат” на финансиската помош да дадат глас на изборите. Ова е класичен изборен поткуп и влијание врз слободната воља на гласачите.

Со вакви дејствија за нечесни цели поврзани со изборите, се потврдува и уште повеќе се поткопува нарушената јавна доверба во користењето на буџетските средства. ‼️ Дали (не)дадениот глас на избори бил и ќе биде “услов” за (не)доделување финансиска помош во некои случаи?, вели во својата објава Петрова.

To top