Македонија

Петкоска: Извештајот на ДКСК ќе биде солиден показател за тоа дека актуелната власт мора да биде се она што власта пред неа не беше

Петкоска: Извештајот на ДКСК ќе биде солиден показател за тоа дека актуелната власт мора да биде се она што власта пред неа не беше

Го разгледуваме годишниот Извештај на Државната комисија за спречување на корупција за 2023-та година и ќе се држам стрикно до она што е наведено во Извештајот. Она што денеска ме прави горда е фактот што имаме конструктивна дебата од која што произлегоа бројни предлози двонасочни, истакна пратеничката Лидија Петкоска на денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Петкоска посочи дека се надева дека сите предлози кои што произлегоа денеска на комисиската седница веќе во наредниот Извештај за 2024 и 2025 година ќе бидат имплементирани и ќе се спроведуваат во пракса.

-Она што не беше споменато досега е премалите санкции за непостапувачите, за оние избрани и именувани лица кои не постапуваат односно не го пријавуваат својот имот. Како што можев да заклучам од Извештајот санкцијата е некаде околу 300-тини евра што според мене е воопшто незначително за оној кој што сака да го сокрие имотот. Бидејќи факт е дека подобро да плати 300-тини евра отколку да го прикаже имотот, заклучи пратеничката.

Таа додаде дека Извештајот е за 2023-та година време кога државата ја водеше една власт која што беше дел од многу коруптивни зделки.

„Овој Извештај убедена сум дека ќе биде солиден показател за тоа дека актуелната власт мора да биде се она што власта пред неа не беше. А, посебно кога станува збор за борбата против корупција“, нагласи Петкоска.

Најнови вести од Македонија

To top