Македонија „За или против“

Пешевска: Пораката од Стејт департментот за ставање на екс-вицепремиер на црна листа е силна порака, дека никој не е поштеден од законот, власта така и постапува

„Сите извештаи на Европската комисија го покажуваа тоа, во највисок приоритет треба да ние справувањето со криминалот и корупцијата, сите фундаменти кои треба да ги исполниме ние за влез во еу се темелеа токму на тоа “, рече Пешевска.

Пешевска: Пораката од Стејт департментот за ставање на екс-вицепремиер на црна листа е силна порака, дека никој не е поштеден од законот, власта така и постапува

На денешната емисија „За или против“ на телевизија Алфа, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, се осврна на актуелните настани поврзани со ставањето на екс-вицепремиерот Груби на црната листа на САД. Таа притоа нагласи дека поранешната власт оставила сериозни проблеми во институциите и општеството.

„На ова претходница беа барањата од граѓаните изминативе 7 години кога имавме ништење на цел општествен поредок, урнисување на државните институции, знаете како се однесуваа како власт самобендисано, ноншалантно и си играа фудбал во канцелариите“, рече Пешевска.

Пешевска истакна дека резултатите од последните избори покажуваат дека граѓаните не се задоволни од претходната власт и дека очекуваат одговорност.

„Граѓаните си го кажаа тоа со резултатот на последните избори, резултатот кој од друга страна е огромен аманет и одговорност кон нас како власт. Јас и од собраниската говорница апелирав, и ќе апелирам дека владините фунцкионери мора да бидат во контакт со граѓаните “, додаде Пешевска.

Пешевска понатаму апелираше дека одговорноста на власта е да работи во интерес на народот, нагласувајќи дека не е доволно само да се исправат грешките, туку и да се работи на целосна реформираност на институциите.

„Ние сме одбрале да бидеме јавни функционери и сервис на граѓаните и треба да бидеме доследни на тоа, затоа што мислам ќе немаме шанса за да поправаме грешки и народот не би простил и го оправдувам сето тоа затоа што народни пари се трошат “, истакна Пешевска.

Пешевска се осврна и на извештаите на Европската комисија, кои нагласуваат дека највисок приоритет треба да биде справувањето со криминалот и корупцијата.

„Сите извештаи на Европската комисија го покажуваа тоа, во највисок приоритет треба да ние справувањето со криминалот и корупцијата, сите фундаменти кои треба да ги исполниме ние за влез во еу се темелеа токму на тоа “, рече Пешевска.

Пешевска ја поздрави пораката од Стејт департментот за ставување на екс-вицепремиер на црната листа и посочи дека тоа е силна порака дека никој не е поштеден од законот.

„Порака од Стејт департментот и ставање на вицепремиер на црна листаа е силна порака, дека никој не е поштеден од законот, секој треба да има одговорност кој што се огрешил и според мене така треба да биде. 20 години беа на власт притоа бевме сведоци на безобразно крадење и уништување на институции, од друга страна одговорност не само за неговите криминали и однесувања и не е доволно само да се повлечат од политичката сцена и сега да се праќаат пораки или барања па да му се одземе само пасошот па не знам уште една музичка желба, како би бил третиран кога би се вратил “, заклучи Пешевска.

Најнови вести од Македонија

To top