Македонија Политички тензии на Комисијата за еднакви можности

Пешевска: Наместо дебата за заштита на жените, опозицијата приреди политички театар

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ обвини за блокада и злоупотреба на темата за насилство врз жени за личен ПР

Пешевска: Наместо дебата за заштита на жените, опозицијата приреди политички театар

На денешната седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, наместо суштинска расправа за Националната стратегија за превенција и заштита од насилство врз жени, се случи обид за политички перформанс, изјави пратеничката Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, седницата, која требало да биде посветена на сериозна тема што директно влијае врз животите на граѓаните, била пренасочена кон дневно-политички препукувања.

Пешевска посочи дека претставничките од опозицијата, кои како што рече ретко учествуваат во работата на Комисијата, денес се појавиле со намера да создадат хаос и да ја оттурнат дебатата од суштинските прашања.

„Во момент кога зборуваме за заштита на жените од насилство, ваквото однесување не е само несериозно, туку и длабоко неодговорно“, изјави таа.

Таа додаде дека наместо конструктивен придонес, на седницата имало блокада, а наместо конкретни решенија – политички театар.

Според Пешевска, изнесените барања не биле насочени кон подобрување на стратегијата, туку кон остварување личен политички публицитет.

„Ова не е тема за маркетинг, туку за сериозна работа, посветеност и континуитет“, нагласи таа, додавајќи дека граѓаните очекуваат одговорно однесување од своите претставници.

Таа порача дека е неопходно сериозните општествени прашања да престанат да се користат за политички поени и да станат вистински приоритет.

„Жените бараат заштита, а тоа е обврска што мора да се исполни“, истакна Пешевска.

Најнови вести од Македонија

To top