Ставаме 250 милиони евра на располагање на локалните самоуправи, кои понатаму треба да ги ефектуираат во проекти кои што ќе бидат од капитално и инфраструктурно значење за да го поттикнат и подобрат животот на граѓаните во нивните населени места, истакна Златко Перински, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и министер за локална самоуправа во владата во вечерашното гостување на Сител телевизија.
Тој кажа дека владата точно ја дефинирала методологијата како ќе се распределуваат средствата. Потенцирајќи дека ребалансот на буџетот ќе заврши на крајот на месец јули, по што Министерството ќе отвори јавен повик за општините да можат да учествуваат со предлог проекти на истиот.
-Во оваа прилика ќе ги повикам и сите градоначалници, да си ја дозавршат својата домашна задача, да ги дозавршат своите проекти, доколку се недовршени, за да можат да учествуваат на јавниот повик, кој што го планираме некаде отприлика септември да се случи, додаде Перински.
Тој истото така кажа дека овие средства ќе се доделуваат на годишно ниво, и дека за 5 до 6 месеци од сега општините ќе имаат повторно можност да аплицираат за нови средства, и нови проекти.