Македонија Канал 5

Перински најави помош за општините во реализација на основните инфраструктурни и капитални проекти

Министерот за локална самоуправа нагласи дека основна цел на овој проект е да им помагаат на општините да ги реализираат основните инфраструктурни и капитални проекти

Перински најави помош за општините во реализација на основните инфраструктурни и капитални проекти

Кон средина на септември се очекува да се објави првиот јавен повик на кој општините ќе треба да се пријават со готов проект, за да може да добијат средства од централниот буџет. Парите кои ќе се префрлаат на посебна наменска сметка, ќе треба да се користат исклучиво за наведените проекти, а целта е да им се помогне на општините да ги реализираат основните инфраструктурни проекти, вели министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Во изјава за телевизија Канал 5, Перински потенцира дека многу од општините имаат проблеми со самоодржливоста.

-Главната цел на овој проект е да се дисперзираат средства од централниот буџет за реализација на основни инфраструктурни проекти. Ние имаме локални самоуправи и општини кои навистина кубурат со средства и не се во можност да реализираат наједноставен проект, а камоли да направат некаква канализација, нова водоводна мрежа, училиште, градинка итн. Во делот на финансиската состојба, се согласувам, многу од општините имаат проблеми со самоодржливоста. Ќе го разгледаме и тоа како момент во иднина, но согласно децентрализацијата, општините сами би требало да колектираат даноци и сами би требало да се финансираат, рече Перински.

Министерот за локална самоуправа нагласи дека основна цел на овој проект е да им помагаат на општините да ги реализираат основните инфраструктурни и капитални проекти.

To top