Македонија

Перински на официјална средба со Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП- Дигитализацијата на локалната заедница главен фокус за претстојниот период

Перински на официјална средба со Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП- Дигитализацијата на локалната заедница главен фокус за претстојниот период

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денес имаше средба со Армен Григорјан, постојаниот претставник на УНДП – Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP – United Nations Development Programme).

Главен фокус на состанокот беше статусот на тековните проекти, кои се придобивките од имплементираното досега, како и што може да се подобри во иднина за идните планови и активности, сѐ во насока на продлабочување на соработката, со цел зајакнување на капацитетите на единиците на локалната самоуправа во сите сфери.

Соработката помеѓу Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), како и донаторите, резултира со бројни активности, од исклучителна важност во градењето на капацитетите на општините, а воедно и на општинските совети, нивна соработка со граѓанскиот сектор и младите, придонесувајќи истите да се двигатели на одржливиот развој. Проектите ги вклучуваат, но не се лимитирани на следните активности, како општински развоен индекс, кој помага за утврдување на степенот на развој на општините и идентификација на приоритетни развојни активности, фонд за техничка документација, со кој се обезбедуваат средства за изработка на покомплексни инфраструктурни проекти, интегрирани планови за локален развој, кои на основа на повеќе податоци обезбедуваат интегриран пристап во планирањето и широки процеси на консултација со жителите на општините, зајакнување на општинските совети и општинската администрација, ИКТ алатки за зголемување на транспарентноста и отчетноста на општините, апликации за данок на имот, кои помагаат за полесна наплата, а со тоа и обезбедување на повеќе средства на локално ниво за подобар квалитет на живот, имплементација на форуми во заедниците и инфраструктурни проекти, а воедно и дигитализација на општините преку LOGES платформата, која овозможува електронски услуги до граѓаните.

УНДП со својата поддршка на Министерството за локална самоуправа, покрај останатите цели, проектите ги насочува кон развојот на осумте плански региони, а воедно и кон дигитализација на сите општини во државата. Оперативниот акциски план на УНДП преку својата поддршка на Министерството за локална самоуправа, преку проектите е насочен кон посистемски приод во дигитализацијата на внатрешните процеси и услуги во управувањето со јавните финансии и локалните даноци и такси. Исто така целта е во наредните неколку години да се создадат услови за опфат на сите општини, за пристап на граѓаните до стандардизирани Е-услуги на локално ниво преку единствениот портал за Е-услуги, а секако и зголемување на транспарентноста и отчетноста преку користење на е-алатки, кои што овозможуваат поинклузивен пристап и го поттикнуваат граѓанското учество.

To top