Караванот „Каде што срцето е дома“ во посета на Лозово, рурална и компактна заедница, посочи министерот за локална самоуправа, Златко Перински.
-Средбата со градоначалникот Бошко Цветковски и советниците во општината ја искористив да поразговаравме за клучните активности на министерството и можностите кои се отворени за општините, да ги слушнам одблизу потребите на Лозово како и плановите што ќе значат подобар живот за граѓаните, посочи тој.
Во рамки на посетата направи увид на два проекти: „Реконструкција и партерно уредување на КП бр. 2411 во населено место Лозово“ и „Реконструкција и партерно уредување на КП бр. 2055 во населено место Лозово“.
-Проектите се финансирани преку Програма за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конуретност за 2025 година.
Вкупна вредност на проектите: 6.171.976 денари. Преку овие проекти, граѓаните на Општина Лозово добија ново детско игралиште, современо осветлување, урбана опрема и партерно уреден простор пред општинската зграда, со што се добива нов простор за дружење и секојдневни активности, посочи Перински.