Македонија Министерство за локална самоуправа

Перински го прими градоначалникот на Лајонс: Размената на искуства за реализација на иновативни проекти

Министерот Златко Перински се заблагодари на градоначалникот Гети за можностите што ги имаат Македонците, кои што живеат во Лајонс, Илиноис, како и за неговата грижа за нивната интеграција во заедницата.

Перински го прими градоначалникот на Лајонс: Размената на искуства за реализација на иновативни проекти

Министерот за локална самоуправа Златко Перински го прими Кристофер Гети, градоначалник на Лајонс, Илиноис, САД.

Средбата беше искористена за размена на искуства за реализација на иновативни проекти на локално ниво.

Министерот Перински истакна дека Македонците во САД се важна алка за соработка и секоја можност за продлабочување на соработката на сите нивоа е исклучително корисна.

Градоначалникот Гети истакна дека во Лајонс живеат околу 4000 Македонци, а неговиот мандат како градоначалник од 2009 година го одбележуваат и проекти за мултикултурализам и целосна интеграција во локалната заедница на припадниците на различните етнички групи.

На средбата се разговараше и за можностите за проширување на соработката на локално ниво. Притоа беше истакната потребата од размена на искуства за реализација на поголеми иновативни проекти, кои што имаат влијание на унапредување на условите за живеење во општините и кои што отвораат нови можности за развој на локалните заедници и за граѓаните.

Министерот Златко Перински се заблагодари на градоначалникот Гети за можностите што ги имаат Македонците, кои што живеат во Лајонс, Илиноис, како и за неговата грижа за нивната интеграција во заедницата. Двајцата соговорници на средбата изразија задоволство од остварените контакти и од пројавените иницијативи за продолжување на соработката, која што има перспектива да се развива на различни нивоа и во различни области пред сѐ преку размена на искуства и добри пракси за реализација на капитални проекти.

To top