Македонија „ВМРО-ДПМНЕ зборува“

Перински: Без млади, нема иднина- ни за локалната самоуправа, ни за државата

Перински: Без млади, нема иднина- ни за локалната самоуправа, ни за државата

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ се осврна на клучните мерки на Владата насочени кон младите, при што нагласи и дека младите се клучот за иднината на државата и дека вложувањето во нив е приоритет за секоја институција.

„Оваа Влада и премиерот Мицкоски се многу фокусирани во оваа насока. Мерките што ги предвидуваме ние, во оваа власт, се насочени кон младите. Предвидуваме електронски уред за секој студент, без разлика дали е на државен или приватен факултет, што е исклучително битно“, истакна Перински.

Перински најави и финансиска поддршка за младите претприемачи и нагласи дека се издвоени 10 милиони за стартапи за лица до 29 години.

„Предвидуваме 10 милиони за стартапи за лица до 29 години. Навистина суштински е потребно, затоа што младите луѓе се многу пообразовани од она што ние мислиме дека се. Ако им се овозможи оваа алатка, тие ќе имаат мотивација да се градат и развиваат во рамки на сопствената држава“, изјави Перински.

Перински ја нагласи и важноста на подобрувањето на условите за образование.

„Иако не е мој ресор директно, како влада сме насочени кон реконструкција и вложување во инфраструктурата во рамки на факултетите и во реконструкција на студентските домови, за што се предвидени 18 милиони евра“, кажа Перински.

Перински на крајот на својата изјава испрати силна порака.

„Верувајте ми, без млади нема иднина, ниту за локалната самоуправа, ниту за државата. Ние, како влада и локална самоуправа, ги мотивираме да останат, да растат и да се развиваат тука. Бидејќи, секаде на друго сте гости, само дома сте дома. Младиот човек треба да има соодветно образование и услови за реализација. Потоа, треба да му се пружи алатка како своите идеи, стекнати преку образовниот процес, да ги реализира и надоградува во рамки на својата држава“, заклучи Перински.

Најнови вести од Македонија

To top