Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување во ,,Тема на денот” на Сител тв, говорејќи за анкетите за претстојните претседателски избори истакна дека претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицковски говори дека нивниот кандидат ќе води со над 100 илјади гласови, без притоа да каже како ќе биде соодносот во вториот круг.
-Сите нивни прогнози се базираат на првиот круг. Никој никогаш не станал, со 7 кандидати, претседател во првиот круг. Значи анкетите кои јас ги знам, а ги знаат и во ВМРО-ДПМНЕ, е дека во вториот круг јас сигурно го добивам нивниот кандидат, вели Пендаровски.
Во оваа насока претседателот Пендаровски образложи дека условот еден кандидат да победи во првиот круг е за него да гласаат 50 проценти плус еден граѓанин, од сите луѓе запишани во избирачкиот список, значи околу 900 илјади граѓани, што, како што истакна претседателот Пендаровски е апсолутно невозможно.