На средбата се разговарало за севкупната соработка меѓу двете држави, при што било оценето дека двете држави одржуваат позитивни и конструктивни билатерални односи и соработка, со отворен дијалог на сите нивоа и бил изразен интерес за нејзино унапредување во сите сфери од заемен интерес.
Како што стои во соопштението, на средбата биле разменети мислења и информации за актуелните состојби во регионот, вклучувајќи го дијалогот Белград – Приштина. Во тој контекст, претседателот Пендаровски истакнал дека во услови на мултиплицирани кризи и безбедносни предизвици на глобално ниво, од голема важност за стабилноста на Западен Балкан е изнаоѓањето на решенија на отворените прашања преку дијалог и меѓусебно разбирање.
– Претседателот Пендаровски ја реафирмираше поддршката за евро-атлантските аспирации на Косово, посочувајќи дека како членка на НАТО, Северна Македонија ја поддржува политиката на отворени врати на Алијансата и дава активен придонес во поддршката на мирот во Косово преку учеството во мисијата КФОР, се наведува во соопштението.