Македонија

Пендаровски се огласи по завршување на претседателскиот мандат

Пендаровски се огласи по завршување на претседателскиот мандат

Стево Пендаровски, кој денеска го заврши петгодишниот претседателски мандат се огласи на социјалните мрежи.

-Благодарност до сите граѓани за укажаната доверба и на сите соработници со кои заеднички работевме во изминатите пет години, објави Пендаровски на социјалните мрежи.

Во Вила Водно, Пендаровски денеска и ја предаде претседателската функција на Гордана Силјановска Давкова која победи на изборите одржани на 8 мај.

На официјалната церемонија со највисоки државни и воени почести денеска Силјановска Давкова ја презеде функцијата Претседател.

По официјалната церемонија на примопредавање, Силјановска Давкова и Пендаровски остварија тет-а-тет средба.

Најнови вести од Македонија

To top