Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Пендаровски пола од мандатот потроши да им се допадне на бугарските негаторски кругови, а сега бара мандат од македонските граѓани кои ги изневери

-Очигледно на Пендаровски му беше поважно да го пофалат во Бугарија, отколку да ги заштити интересите на граѓаните во Македонија. „Љубави“, поддршката од “евродепутатот Ковачев“ и изјавата “ Гоце Делчев се декларирал како Бугарин“ нека си ги стави во отчетот за тоа што сработил во овие 5 години мандат, па може ќе му речат браво бугарските функционери и негатори на македонскиот идентитет.

Пендаровски пола од мандатот потроши да им се допадне на бугарските негаторски кругови, а сега бара мандат од македонските граѓани кои ги изневери

Пендаровски Стево половина од времето потроши да им се допадне на официјалните лица во Софија. Бојко Борисов го поздравуваше со “как си љубави“, на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев јавно му се заблагодаруваше за политичката поддршка што му ја дал, а дното го достигна со изјавата “ Гоце Делчев се декларирал како Бугарин“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Очигледно на Пендаровски му беше поважно да го пофалат во Бугарија, отколку да ги заштити интересите на граѓаните во Македонија. „Љубави“, поддршката од “евродепутатот Ковачев“ и изјавата “ Гоце Делчев се декларирал како Бугарин“ нека си ги стави во отчетот за тоа што сработил во овие 5 години мандат, па може ќе му речат браво бугарските функционери и негатори на македонскиот идентитет.

Пендаровски треба да знае дека беше избран за претседател и земаше плата од народните пари за да биде заштитник на македонските позиции, а не на странските. Сега пак бара мандат од оние граѓани кои ги заборави и изневери.

За жал освен понижувања, менувања ставови и погазување на достоинството на народот, не видовме ништо позначајно од Пендаровски.

Тој го изгуби својот кредибилитет и интегритет.

Време е за промени, додаваат од партијата.

Најнови вести од Македонија

To top