Не виде Стево Пендаровски Стратешки Договор со Британија, заклучи човекот кој на Бојко Борисов му рече „Кај си бе љубави те поздрави Зоки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ова е заклучок на Пендаровски кој правеше пактови со ДУИ базирани на сервилност и непринципиелност за да остане претседател, истовремено молчејќи за кражбата и уништувањето на државата од страна на партиите ДУИ и СДС кои го донесоа за претседател, велат од владејачката партија.
Според ВМРО-ДПМНЕ, подобро што овој човек не видел ништо.