Зборувајќи пред граѓаните на Василево, кандидатот за претседател Стево Пендаровски потенцираше дека Македонија веќе е горда на постигнатото.
Пендаровски повика на силна мобилизација и гласање за бројот еден на 24 април во првиот круг на претседателските избори.
„Не оставајте работите да ги решаваме на 8 мај треба на 24 да им покажеме дека мнозинството наши граѓани не сака да се враќа во мрачните времиња. Немаме луксуз како држава да се враќаме назад и 20 години да чекаме, затоа што сите млади ќе се иселат, а нема држава која може економски да просперира ако нема млади. Ако добиеме доверба со оваа политичка структура ние за 4 години ќе одиме напред, ќе одиме кон полноправно членство во ЕУ“, порача Пендаровски во општина Василево.
-Јас сум ваш, вие сте мои, а сите заедно сме наши – ќе успеееме, рече кандидатот за претседател.