Стево Пендаровски да каже што договараше со Артан, Али и Ковачевски во вила Водно? Дали амнестија на поранешни политичари преку измена на кривичниот законик, што е осудено од Фридам Хаус? Пендаровски го нема да каже ништо 5 години за ниту еден криминал. Тој одмолче се, а во голем дел беше и главен режисер, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Пендаровски треба да каже што договараше на состанок во вила Водно со Артан, Али и Ковачевски? Дали договарал измени во кривичниот законик со цел амнестија на некој поранешни политичари со цел притисок врз ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени, што не му успеа?
Пендаровски е главен виновник за лошиот извештај на Фридан Хаус, бидејќи тој допринесе довербата во судството да биде на дното.
Наместо правда и правичност, Пендаровски и СДС застанаа на чело на криминалот. Затоа следува пораз за нив. Следуваат промени. Народот ќе си ја врати државата. Македонија повторно горда, додаваат од партијата.