Ова е училиштето во село Таринци. Во оваа модерна зграда веќе втора година се одвива наставата во едни нормални услови за денешно време. Ја ветивме пред 4 години и ова денес е реалност. Од едни услови кои потсетуваа на 19 век, никој не водеше грижа, вели градоначалникот на Карбинци и кандидат за уште еден мандат, Виктор Паунов.
-Училиште во кое и мојот татко посетувал настава, а подоцна и јас. Денес имаме модерни услови за нашата иднина, за нашите деца. Продолжуваме, порача тој.