Македонија ЦУК

Патот од Пантелејмон до Средно Водно поради голомразица небезбеден за моторни возила

По пренесувањето на пријавите од ЦУК до надлежните, е добиено известување од ЈП Македонијапат дека овој пат е од 4-та категорија на приоритет и дека вчера немале слободни машини за интервенција, се вели во информацијата од ЦУК.

Патот од Пантелејмон до Средно Водно поради голомразица небезбеден за моторни возила

Центарот за управување со кризи информира дека патот меѓу Пантелејмон во Горно Нерези и Средно Водно не е безбеден за движење со моторни возила и апелираат да не се користи поради голомразица.

На овој потег, како што велат од ЦУК, вчера биле заглавени повеќе возила и денеска треба да биде испратена машина за интервенира.

– По пренесувањето на пријавите од ЦУК до надлежните, е добиено известување од ЈП Македонијапат дека овој пат е од 4-та категорија на приоритет и дека вчера немале слободни машини за интервенција, бидејќи истите биле на расчистување на патот Кичево-Охрид и на Попова Шапка и дека денеска околу 10 часот ќе испратат машина и да се интервенира, се вели во информацијата од ЦУК.

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top