Денеска директор на Управата за извршување на санкциите, Александар Пандов оствари работна средба со претставници на Банката за развој на Совет на Европа.
На средбата беа присутни Г-дин Жером Констанцо, технички советник, Г-a Ања Ујдур, службеник за набавки, Г-Алесија Тиебо кантри-менаџер и Г-а Маја Петровска локален консултант.
На состанокот беше дискутирано за конкретни чекори кои Управата за извршување на санкциите ги превзема за реализација на Проектот за реконструкција на 2 фаза на КПД Идризово, за кој е распишана јавна набавка за изградба на објекти во КПД Идризово.
Денеска директор на Управата за извршување на санкциите, Г-дин Александар Пандов оствари работна средба со претставници…
Posted by Управа за извршување на санкции/Uprava za izvrsuvanje na sankcii on Tuesday, March 3, 2026