Веднаш штом беше екстрадиран од Турција, Љупчо Палевски Палчо од приторот во Шутка писмено побарал адвокати во судскиот процес да му бидат Тони Менкиновски, Славчо Секуловски и Јовица Страшевски.
Ниту еден од нив не прифатил да му биде бранител, па во судскиот процес, согласно законот, судот ќе му додели адвокат по службена должност, пишува Либертас.
Палевски по екстрадицијата од Турција, се наоѓа во 30 дневен притвор во притворскиот затвор Шутка.