Македонија Видео

Ова е денешна состојба во ГОБ 8 Септември- прокапува вода од кровот во просториите на ИНТЕНЗИВНАТА НЕГА

Ќе останат запаметени по деградирањето, елементарна негрижа и неодговорното однесување како во оваа установа каде не се води грижа за кадарот, нема основни материјали, не се воведе онколошка дејност и покрај 10 сечења ленти за оваа цел. Иста или слична поразителна ситуација имаме и во сите јавни здравствени установи.

Ова е денешна состојба во ГОБ 8 Септември- прокапува вода од кровот во просториите на ИНТЕНЗИВНАТА НЕГА

Денешна состојба во ГОБ 8 Септември каде прокапува вода од кровот во просториите на ИНТЕНЗИВНАТА НЕГА- Вака здравствените власти кои ќе останат запаметени по урнисување ја оставаат Градската болница по седумгодишното владеење, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ќе останат запаметени по деградирањето, елементарна негрижа и неодговорното однесување како во оваа установа каде не се води грижа за кадарот, нема основни материјали, не се воведе онколошка дејност и покрај 10 сечења ленти за оваа цел. Иста или слична поразителна ситуација имаме и во сите јавни здравствени установи.
Токму давањето на едни исти ветувања во 2017 година и во 2024 година е јасен показател дека ја потцениле јавноста и не само што не ги испорачале ветувањата кои сами ги дале пред граѓаните, туку и зад себе по 7 години апсолутна власт денес оставаат пустош.

Најнови вести од Македонија

To top