Од оваа отровна материја, како што стои во информацијата, умираат бездомни животни, а опасна е и за децата кои случајно може да дојдат во допир со неа.
Преку Регионалниот ЦУК Скопје пријавата е доставена до Општина Карпош и до ЈП „Лајка“, за нивно понатамошно постапување, а информирана е и полициската станица „Карпош“ од каде е добиена инфромација дека е испратена екипа на терен.