Македонија ЦУК

Осум пожари на отворено во изминатите 24 часа

Осум пожари на отворено во изминатите 24 часа

Осум пожари на отворено се регистрирани изминатото деноноќие. Пожарникарите интервенирале на гаснење запалена ниска вегетација, ѓубришта, депонии, трње и нискостеблеста шума и прнар, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Со огнени јазици, пожарникари се справувале кај село Арачиново, тетовско Фалише, Раптани во велешкиот регион, покрај железничката линија Демир Капија – Гевгелија, крај патот – Прилеп кон Селце; кај работнички факултет „Пере Тошев“ на прилепска територија, кај валандовско Собри, како и во реон на гевгелиско Прдејци.

Вкупно 1.833 повици се евидентирани на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 за 24 часа.

– Од нив, „реални“ – 60,94 проценти, а 39,06 отсто за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 63,96 проценти, кон Итната медицинска помош – 27,92 отсто, кон пожарникарите – 3,25 проценти, а кон АМСМ – 0,32 отсто од реалните повици, појаснуваат од ЦУК.

To top