Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска во Прага ќе учествува на неформалниот Состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.
Како што соопштија од МНР, во фокусот на разговорите ќе бидат актуелните безбедносни предизвици, понатамошната поддршка за Украина, како и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на Алијансата.
– Воедно, ќе стане збор и за финалните подготовки и клучните одлуки кои се очекува да бидат усвоени на Самитот на НАТО, што ќе се одржи во јули во Вашингтон, се наведува во соопштението од МНР.