Македонија евакуирани државјани

Османи: Последните двајца македонски државјани од Газа се евакуирани

Одлична вест тукушто пристигна од Каиро и Тел Авив, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Османи: Последните двајца македонски државјани од Газа се евакуирани

Одлична вест тукушто пристигна од Каиро и Тел Авив, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-Брачниот пар, последните двајца наши државјани кои се наоѓаа во ризичните зони се евакуирани од Газа. Во моментов тие се на безбедно, привремено вдомени во Каиро, и наскоро ќе бидат упатени кон дома. Сакам да оддадам посебно признание за посветеноста и професионалноста до вршителите на работи во амбасадите во Тел Авив и Каиро, Мачеј Качоровски и Елма Алторок, кои вложија извонредни напори во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани, истакна Османи.

To top