Македонија „ Со холанскиот амбасадор имаме две концептуални разлики“

Османи до холандскиот амбасадор по критиките за владеењето на правот: Кој е постар јајцето или кокошката?

Ние не можеме да постигнеме евроспки стандард во владеењето на правото, без почеток на преговорите. Со холанскиот амбасадор имаме две концептуални разлики. Вака министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговори на критиките кои пред неколку дена ги упати холандскиот амбасадор, Дирк Јан Коп кој на средбата со Ахмети оцени дека две години државата бележи постојан пад на владеењето на правото.

Османи до холандскиот амбасадор по критиките за владеењето на правот: Кој е постар јајцето или кокошката?

„ДУИ е еден од тие што најмногу зборува за борбата против корупцијата. Холандскиот амбасадор смета дека ние можеме да постигнеме европски стандард на владеење на правото и без проговори со ЕУ. Јас мислам дека ние не можеме да постигнеме евроспки стандард, балкански можеме да постигнеме и сами, но европски не можеме без процес на преговори, и тие два процеса се меѓусебно поврзани. Блокирањето на нашиот пат кон ЕУ е директна причина за неможност за постигнување европски стандард. Тука прашањето е кој е постар, јајцето или кокошката, дали причината што сме блокирани или тоа што не постигнуваме европски стандард“, вели Османи.

Османи го коментираше и ставот дали има политичко влијание во судството.

„Од наша страна сметаме дека има повеќе влијание на олигархија, во критични точки во системите во државата кои се многу поопасни“, посочи тој.

Амбасадорот на Кралството Холандија во земјава, Дирк Јан Коп на средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети зборуваа за владеењето на правото, но и за случувањата поврзани со претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, која е на чекор до разрешување по постапката од Судскиот совет.

„Амбасадорот Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за да ја пренесе пораката дека по две години постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ целиот политички спектар. Исто така, неприфатливо е несоодветно политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд, што е судска работа и ќе предизвика силна реакција од Холандија“, пишува Холандската амбасада за средбата на Јан Коп со Ахмети.

На ова возврати ДУИ.

„Законот за ветинг за судиите, обвинителите и политичарите е подолго време во Собранието, но ЕУ првично имаше резерви во овој процес, повикувајќи се на примерот со Република Албанија. Што се однесува до Врховниот суд, Ахмети истакна дека во надлежност на Судскиот совет е да постапува според законите. Според извештаите, до денес имало повеќе дисциплински постапки и во нивна надлежност е да постапуваат согласно законот и без било каков внатрешен или надворешен притисок“, се вели во соопштението од ДУИ.

Најнови вести од Македонија

To top