Македонија

Орбан со тонч за СДСМ: Кинески пари не може да ви дадеме, но можеме да ви дадеме европски пари и тие ќе ви ги даваме

Орбан со тонч за СДСМ: Кинески пари не може да ви дадеме, но можеме да ви дадеме европски пари и тие ќе ви ги даваме

Кинески пари не може да ви даваме, но можеме европски пари и тие ќе ви ги даваме, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска од Охрид, одговарајќи на новинарско прашање по заедничката прес конференција со премиерот Христијан Мицкоски.

Запрашан за унгарскиoт заем во Македонија и шпекулациите дека парите доаѓаат од Кина, Орбан, нагласи дека парите кои Унгарија ги добива од Кина невозможно е да се дадат на други затоа што има договор тие пари да се трошат на конкретни проекти.

-Она што се однесува до заемот, ние кинески заем не можеме да даваме, кинески пари не можеме да даваме, бидејќи ние со Кина имаме договор сите тие пари од Кина што доаѓаат, одат на конкретни проекти за развој во Унгарија. Значи кинески пари не можеме да ви даваме, европски пари можеме, и тие ќе ви ги даваме, порача унгарскиот премиер Орбан.

Најнови вести од Македонија

To top