Македонија опасност од забрзано ширење

Опасност од ширење на пожарот во неготинско: Апел до жители од неколку села да ги напуштат домовите

Опасност од ширење на пожарот во неготинско: Апел до жители од неколку села да ги напуштат домовите

Поради опасност од ширење на пожарот во неготинско, упатен е апел, жители од неколку села да ги напуштат живеалиштата. Вакво соопштение штотуку издаде Штабот за заштита и спасување на Општина Неготино.

– Се упатува апел до населението во општина Неготино и тоа во селата Пештерница, Бела Вода, Калањево, Липа, Брусник и околните места, да ги напуштат своите живеалишта/престојувалишта и да се засолнат на безбедно место во градот или околните села што не се зафатени од пожарот, поради опасноста од забрзано ширење на истиот, се вели во соопштението.

Најнови вести од Македонија

To top