Македонија реакција

Онлајнмедиа.мк остро ја осудува политичката пресметка на СДСМ со медиумите

Здружението Онлајнмедиа.мк најостро ја осудува денешната прес-конференција на Социјал-Демократскиот сојуз (СДСМ), на која се напаѓаат и клеветат одредени медиуми, од кои дел се членови на здружението Онлајнмедиа.мк.

Ниту една политичка партија во Македонија не смее јавно политички да се пресметува и не смее јавно да дискредитира, ниту еден медиум, ниту пак новинар.

Кај СДСМ се нотира загрижувачки континуитет на јавна политичка пресметка, јавно дискредитирање, јавно етикетирање и јавно навредување на медиуми, на цели новнарски редакции, и на повеќе новинари.

СДСМ мора да се надмине и да разбере дека критиката до нив како политички субјект, а упатен од медиумите и новинарите е сосем легитимно нешто и всушност треба да ја разберат позитивно, како забелешка за нивната работа и дејствување како политичка партија.

Со своите досегашни јавни напади врз медиуми и новинари СДСМ всушност покажува дека засега нема доволен капацитет за демократско политичко дејствување.

Најнови вести од Македонија

To top