Македонија Комисија за здравство на ВМРО - ДПМНЕ

Онколошките пациенти од Битола остануваат без терапија – неспособната власт не презема ништо ниту по скандалот со онкологија

Се трошат последните залихи на Oxaliplatin i Pertuzumab во Клиничката болница во Битола!

Онколошките пациенти од Битола остануваат без терапија – неспособната власт не презема ништо ниту по скандалот со  онкологија

Пациентите реагираат дека оваа недела се очекува да се потрошат количините,по што ќе се препраќаат на Клиника за онкологија зашто не е планирана набавка!

Со ова, пациентите од регионов како да се граѓани од втор ред и немаат можност да примат основна терапија, додека на Клиника за онкологија им се доделуваат прескапи лекaрства со ограничени индикации, на пример Fezgo кои не се на позитивна листа!

Со тоа, само за Fezgo!

Ќе се одвојат милионски суми, во исто време додека пациентите водат борба за основни лекарства со што заради неспособноста и негрижата на Владата на ДУИ и СДС не враќаат 20 години наназад во однос на третманот на овие пациенти.

Оттука може да се заклучи дека неспособната власт ниту покрај сканадот на Онкологија, не ги научи лекциите и ништо не е преземено за да се подобрат состојбите, велат од Комисијата за здравство на ВМРО – ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top