Македонија Страв обвинителство чува

Оние кои му седеа на глава на обвинителот, сега реагираат: Премиерот не е обвинител

Во страв дека конечно ќе одговараат за криминалот, ДУИ, партијата коај буквално и фигуративно му седеше на глава на обвинителот за борба со организиран криминал, сега наеднаш се сети дека премиерот Мицкоски не бил обвинител.

Оние кои му седеа на глава на обвинителот, сега реагираат: Премиерот не е обвинител

ДУИ, партијата коај буквално и фигуративно му седеше на глава на обвинителот за борба со организиран криминал, сега наеднаш се сети дека премиерот Мицкоски не бил обвинител. Во страв дека конечно ќе одговараат за криминалот, од Мала Речица порачаа:

„Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба. Овие постојани закани се незаконски и покажуваат ароганција, која е знак за неговата несигурност. Владеењето базирано на страв и манипулација не може да биде стандард во нашата демократија. Доколку премиерот навистина е искрен во борбата против корупцијата, тој би го прифатил нашиот повик за независен и меѓународно посредуван процес на ветинг, кој ќе ги опфати сите партии и политичари, вклучувајќи го и него самиот.“ велат од партијата на Ахмети.

Јавноста, пак, го чека првиот функционер на ДУИ кој ќе одговара за криминал, прв во минатите 22 години. Артан, Муса, Али, Пуцко, кој ли ќе биде тој, ова е главната дилема на македонската јавност. Не поинаку мислат и очекуваат за челниците на СДСМ. Најчестоспоменуваниот збор е ОДГОВОРНОСТ.

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top