Македонија избори 2024

Околу 4000 граѓани направиле увид во Избирачкиот список, рокот истекува на 18 март

Проверката граѓаните ја прават и електронски преку веб страната на ДИК и исто така можат да поднесат и барања. Па, така до 11 март 21 лице поднело барање за промена на податоци по електронски пат, од кои три лица побарале бришење на податоците, а седум за запишување во Избирачкиот список.

Околу 4000 граѓани направиле увид во Избирачкиот список, рокот истекува на 18 март

Подготовките за претседателските, но и за парламентарните избори се интензивни од страна на учесниците на изборите, но и од страна на Државната изборна комисија (ДИК). На 18 март завршува увидот во Избирачкиот список и за претседателските и за парламентарните избори, а тогаш завршува и рокот за гласање во дијаспората.

Листите на кандидати за претседател на Република Северна Македонија, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ДИК најдоцна на 19 март, до 24:00 часот.

За МИА од ДИК информираат дека дека заклучно со 11 март, вкупно 3 994 лица направиле проверка во Избирачкиот список во подрачните единици и канцеларии, шест лица барале промена на податоците, девет лица барале запишување на своите податоци во Избирачкиот список, а пет бришење.

Проверката граѓаните ја прават и електронски преку веб страната на ДИК и исто така можат да поднесат и барања. Па, така до 11 март 21 лице поднело барање за промена на податоци по електронски пат, од кои три лица побарале бришење на податоците, а седум за запишување во Избирачкиот список.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Според информациите од Апликација на Државната изборна комсија за регистрација на гласачи од дијаспора (sec.mk) утрово таа бројка изнесува 1010 пријавени, од кои прифатени се 617, необработени 278 и одбиени 115.

Потребните потписи за претседател ги собраа актуелниот претседател Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди, кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, Максим Димитриевски лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија и Билјана Ванковска Цветковска од Левица.

To top