Македонија вила водно

Одржана конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување

За претседател на Комисијата за помилување е именувана д-р Милка Ристова, а за членови се именувани проф. д-р Оливер Бачановиќ, проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, проф. д-р Блерта Ахмеди, проф. д-р Драгана Батиќ, проф. д-р Афет Мамути и м-р Доан Сулејманоски.

Одржана конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување

Во Кабинетот на Претседателот денеска се одржа конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување, откако претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на комисијата.

За претседател на Комисијата за помилување е именувана д-р Милка Ристова, а за членови се именувани проф. д-р Оливер Бачановиќ, проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, проф. д-р Блерта Ахмеди, проф. д-р Драгана Батиќ, проф. д-р Афет Мамути и м-р Доан Сулејманоски.

Кабинет на Претседател на Република Северна Македонија

На првата седница на новиот состав на Комисијата за помилување присуствуваше претседателката Сиљановска Давкова, која на членовите на комисијата им посака успешна работа, изразувајќи уверување дека комисијата со својата работа, почитувајќи ги принципите за транспарентност и отчетност, праведност и еднаквост, хуманост и разбирање, ќе придонесе за јакнење на институционалната доверба, а одлуките ќе бидат пример за почитување на демократските вредности.

Претседателката Сиљановска Давкова, истакнувајќи ги своите заложби за владеење на правото и почитување на човековите права, ја нагласи важноста на институтот помилување и потребата целата постапка да не биде предмет на дневнополитички препукувања.

Кабинет на Претседател на Република Северна Македонија

Таа изрази очекување дека сите одлуки на комисијата ќе бидат во согласност со јавниот интерес и општествените вредности, а секој случај ќе се разгледува со најголема професионалност, во рамки на законски утврдена постапка.

To top