Македонија Кочани

Одработувачи за СДСМ репризираат Шарена револуција во Кочани (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во актуелната бунтовност против процесот на дислокација на депонијата во Кочани Сабовљевиќ жестоко реагира, а кога во 2021 година Заев ја потпиша одлуката за депонирање на отпад од други општини, истата оваа лажна активистка нема искажано ниту еден збор против.

Одработувачи за СДСМ репризираат Шарена револуција во Кочани (ФОТОГАЛЕРИЈА)

СДСМ како да не разбираат дека нивното уништување на државата заврши, па се обидуваат со поразени методи како Шарената револуција да го потценуваат народот и да продаваат политички тези за кои граѓаните веќе ги казнија на изборите.

Во Кочани како во деструктивните опозициски времиња на Заев, група на лажни граѓански активисти вршат реприза на Шарената револуција и на тој начин одработуваат за СДСМ во политичката борба против власта на ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено се во функција и на стекнување политички позиционирања за следните локални избори со цел подобар предизборен пазар со СДСМ.

Сите квази-активисти се добро познати на кочанската јавност и секогаш радикално реагираат кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, а кога СДСМ ја води државата и општината се безгласна буква и спорадично само ќе се јават со по некоја млака реакција на социјалните мрежи.
Имено, овие личности се и секогаш често видени во друштво на функционери од СДСМ.

Printscreen

Благица Сабовљевиќ е позната по организирање на граѓански петиции против одредени оштествени прашања само кога ВМРО-ДПМНЕ е локална власт, додека за време на владеење на СДСМ со општината истите прашања за кои била против во време на власт на ВМРО-ДПМНЕ воопшто не ги покренува со ревносен активизам.
Еден таков пример е противењето на воведување на платен паркинг во Кочани во 2014 година (работа што денес е нормалност во секој град), за да по смената на локалната власт во 2017 година воопшто не го ни отвора прашањето и не смета дека треба да се укине платниот паркинг во време на СДСМ.

Printscreen

Во актуелната бунтовност против процесот на дислокација на депонијата во Кочани Сабовљевиќ жестоко реагира, а кога во 2021 година Заев ја потпиша одлуката за депонирање на отпад од други општини, истата оваа лажна активистка нема искажано ниту еден збор против.

Лицемерниот гнев Сабовљевиќ го истура примарно на социјалните мрежи на начин што шири еклатантен говор на омраза и објавува визуелна порака за насилство против градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, прикажувајќи го со модреница на окото и други физички повреди.

Printscreen

Меѓу најистакнатите протестирачки екстремисти и ветеран на Шарената револуција е и „независниот“ член на Советот на Општина Кочани, Венко Крстевски. Лажно се декларира како независен политичар, а е во дружба и негува безброј контакти со функционери и партиски членови на СДСМ.

Printscreen

Со веќе богатото деструктивно искуство од Шарената револуција, во повик за протест во Кочани споделува идеја во стилот на шарен перформанс да се донесуваат црни вреќи со отпад.

Printscreen
Printscreen

Логистичка поддршка во моменталните опозициски обиди за протести во Кочани на протагонистите им пружа и лицето Лазар Захариев. Како истакнат партиски активист на СДСМ, како и останатите така и тој молчи кога Заев ја донесува спорната одлука, за да сега е меѓу најгласните и најрадикалните противници единствено заради остварување на ситни политички поени.

Лазар Захариев меѓудругото е познат на кочанчани како осудувано лице за насилство, учество во тепачки и нарушување на јавен ред и мир во минатото.

Printscreen

Во политичките опозициски активности во Кочани предничи и квази-активистот Зоран Тодоров, кој во времето кога Зоран Заев беше премиер му се додворуваше со органзирање на заеднички хуманитарни настани, а во суштина фокусот и целта му биле стекнувањето на контакти со функционери во тогашната власт на СДСМ за лични потреби. Како и сите опозициски активисти, Зоран Тодоров исто така не реагира во 2021 година на потпишувањето на одлуката од страна на Заев.

Актуелно понесен од реализација на наводно личните политички амбиции се впушта во предизборни битки со локалната власт во Кочани и обзнанува поднесување на неосновани кривични пријави.

Printscreen

Проблемот со депонијата во Кочани е горливо прашање за кое е потребен институционален одговор и Владата на ВМРО-ДПМНЕ во таа насока е целосно посветена на реализацијта на проектот за изградба на регионалната депонија во Свети Николе, чијшто почеток со работа ќе значи и целосно затворање на локалната депонија во Кочани.
Политичките опозициски активности на лажни граѓански активисти само ќе останат неуспешен обид за минирање на овој процес за дефинитивно решавање на проблемот.

Најнови вести од Македонија

To top